ЃОКОВИЌ ЌЕ НАСТАПИ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Симната му е забраната за добивање виза

На Ѓоковиќ не му беше дозволено да се натпреварува на последниот гренслем во Мелбурн бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот.

175

Тенисерот Нова Ѓоковиќ ќе добие дозвола да се натпреварува на следниот Австралија опен бидејќи му е вратена можноста да добие виза во Австралија, пишува австралискиот весник „The Age“.

Отвореното првенство на Австралија следната година ќе се одржи од 16 до 29 јануари.






На Ѓоковиќ не му беше дозволено да се натпреварува на последниот гренслем во Мелбурн бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот.

Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени титули во Австралија, а досега има девет победи во Мелбурн. Србинот моментно е осми тенисер во светот и втор во историјата по бројот на освоени гренслем титули (21). Пред него е само Рафаел Надал кој има една повеќе.

Поврзани содржини