ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА ВО ФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН ПРОТИВ АЛКАРАЗ Во извонреден меч го совлада Синер
Со оваа победа Ѓокоиќ ја прекина серијата од 5 порази во меѓусебните дуели со Синер.
Во меч со пет сета десеткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ го победи двократниот и актуелен шампион на овој Гренд слем турнир, Италијанецот Јаник Синер.
Резултатот беше 3:2 во сетови (3:6; 6:3; 4:6; 6:4 и 6:4)
Синер во два наврати водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но Ѓоковиќ успеваше да изедначи. Во решавачкиот сет во првите три гема на свој сервис Ѓоковиќ успеа да спаси и осум брејк топки, а ја реализираше и третата меч топка. Со оваа победа тој воедно ја прекина серијата од 5 порази во меѓусебните дуели со Синер.
Во финалето број 11 во Мелбурн во недела Ѓоковиќ ќе игра против првиот светски рекет Карлос Алкараз, кој во најдолгото полуфинале со 3:2 во сетови го победи Александер Зверев.