ОКОЛУ 40 ТОНИ МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО СКЛАДИШТАТА Неверојатно откритие од вчерашната акција на полицијата и ОЈО

Засега нема официјални бројки или информации за евентуални приведувања од Министерството за внатрешни работи или Основното јавно обвинителство (ОЈО), кое отвори истрага по скандалот со 5 тони марихуана пронајдени во Србија во камион со македонски регистарски таблички.

1,196

Околу 40 тони марихуана се запленети во голема полициска акција што се реализираше вчера, според извори блиски до истрагата.

Дел од заплената, околу десетина тони, беше пронајдена во складот на фирмата Алфафарм Груп ДОО Скопје, сместен во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Од таму, конвој од околу 20 возила изнесе запленетата дрога.






Според изворите на Сител, во струмичката акција се запленети повеќе од 30 тони марихуана во друг правен субјект кој се занимавал со производство и складирање на медицински канабис. Засега нема официјални бројки или информации за евентуални приведувања од Министерството за внатрешни работи или Основното јавно обвинителство (ОЈО), кое отвори истрага по скандалот со 5 тони марихуана пронајдени во Србија во камион со македонски регистарски таблички.

Меѓу осомничените е и основачот и сопственикот на Алфафарм груп, кој веќе беше приведен во Србија како дел од група од четворица осомничени, кај кои беше откриена количина од 5 тони марихуана во околината на Крушевац. Фирмата е основана во 2023 година во Македонија, а во април 2024 добила лиценца за производство на медицински канабис.

Владата го потврди сериозниот карактер на случајот. Премиерот во телевизиско интервју изјави дека јавноста ќе биде шокирана од бројките и дека десетици тони дрога незаконски биле пуштени во промет или сокриени во македонските складишта. „Одговорност ќе има за ваквите злоупотреби и криминални дејствија“, порача премиерот.

Мицкоски го оцени случајот како „катастрофално наследство“ од економските политики на претходната власт.

Министерот за здравство истакна дека сите фирми кои добиле лиценца за одгледување медицински канабис редовно и вонредно се контролираат, а секои три месеци мора да ги известуваат надлежните за својата работа. „Имаме и годишен план на контроли, но вршиме и ад хок инспекции“, рече министерот, без да го коментира конкретниот случај.

Од стапувањето на сила на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до февруари 2026, за одгледување канабис се издадени одобренија на 61 правно лице, а во Македонија моментално функционираат 43 фирми кои легално произведуваат медицински канабис.

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и во Струмичко

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката

Поврзани содржини