ОКОЛУ 100 МРТВИ ВО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД ВРЗ КАРАКАС Меѓу жртвите има и цивили

Американските медиуми, повикувајќи се на анонимни владини извори, објавија дека најмалку 75 лица биле убиени за време на нападот.

595

Околу 100 лица се убиени, а приближно толку се повредени во американскиот напад врз Каракас за време на викендот, чија цел беше апсењето на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, соошти доцна синоќа министерот за внатрешни работи на Венецуела Диосдадо Кабело, пренесе ДПА.

Кабело ја опиша операцијата како „страшен напад“ и рече дека бројот на жртви може да се зголеми. Тој додаде дека некои од убиените се цивили, вклучувајќи жени кои спиеле во своите домови во тоа време.






Венецуелските власти претходно објавија дека 24 војници се убиени во операцијата.

Куба ја потврди смртта на 32 од нејзините безбедносни лица стационирани во Венецуела, од кои некои служеле како телохранители на Мадуро.

Некои од венецуелските војници вчера беа погребани со воени почести во Каракас, со фотографии на кои се гледаат ковчези обвиткани со националното знаме.

Владата на САД не објави бројки за жртвите. Американските медиуми, повикувајќи се на анонимни владини извори, објавија дека најмалку 75 лица биле убиени за време на нападот, потсетува ДПА.

Поврзани содржини