🎥 ЈОКИЌ НА СРПСКИ ОБЈАСНИ КАКО СЕ ПОБЕДУВА Американците се чудат што значи „инает“

Никола Јокиќ се мачеше да ги најде вистинските зборови за да им објасни на Американците како размислува тимот во пресвртот за победа, а потоа го најде зборот што тешко се преведува.

508

Никола Јокиќ беше апсолутно доминантен во победата на Денвер над Торонто со 125-119, а по мечот дури и им даде домашна задача на Американците – да се обидат да го преведат зборот „инает“.

Српскиот кошаркар постигна 35 поени на кои додаде 17 скока, 12 асистенции и 6 украдени топки и вообичаено беше играч број еден на теренот.
Торонто стигна до предност од 22 поени, но избраниците на Мајкл Мелоун не се предадоа. Кошаркарите на Дневер го одбија налет на нивните ривали и заслужено славеа победа.






На крајот, Јокиќ се мачеше да ги најде вистинските зборови за да им објасни на Американците како размислува тимот. Всушност, тој го имал на ум зборот „инает“, кој не е лесно да се преведе на англиски без да се изгуби барем дел од неговото значење.

– Кога губиш со 20 разлика, проработува гордоста… Не сакаш да доживееш дебакл, особено не пред домашната публика. Имаме еден збор во српскиот јазик, многу е тешко да се преведе – „ИНАЕТ“. Навистина би сакал да можам да ви преведам, но мислам дека нема превод… Да, тоа беше инает – рече Јокиќ.

 

Поврзани содржини