ОГРАБУВАЛ ОБЛОЖУВАЛНИЦА СО ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ!? Полицијата веднаш го уапсила
Кај П.Ј.(32) од Скопје е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело.
Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска во Скопје го уапсиле П.Ј. (32) од Скопје поради основи на сомнение дека изутрина околу 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во с. Волково, скопско.
Кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање против него ќе биде поднесена кривична пријава.