ОГНОТ ВО ФАЛИШЕ Е ПОД КОНТРОЛА, НО НЕ Е ИЗГАСНАТ Жителите да останат дома оти воздухот е загаден

Во пожарот во тетовско се претпоставува дека изгореле над 100 тони бои, лакови и други хемикалии. Од ЦУК и од Центарот за јавно здравје го предупредија локалното население да не излегува од дома.

102

Сè уште тлее огнот во фабриката во тетовско Фалише, информира командирот на тетовската противпожарна бригада во изјава за Телма. Изгореа магацин и продавница за бои и лакови, а состојбата со пожарот е сè уште далеку од стабилна.

Во пожарот во тетовско се претпоставува дека изгореле над 100 тони бои, лакови и други хемикалии. Од ЦУК и од Центарот за јавно здравје го предупредија локалното население да не излегува од дома.






Првичните проценки на надлежните се алармантни. Велат, изгореле над 100 тони хемикалии, а опасноста е во радиус од два километра.

🎥 ОПАСЕН ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ФАБРИКА ЗА БОИ И ЛАКОВИ ВО ТЕТОВСКО Затворете ги прозорците и не излегувајте надвор!

Поврзани содржини