ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ „СИТИ МОЛ“ Се очекува термин за рочиште
Согласно АКМИС системот, предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека тој ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“.
Основниот Кривичен суд – Скопје во целост го одобрил обвинителниот акт за сообраќајната несреќа која се случи во близина на трговскиот центар Сити мол во Скопје, на 20 јануари годинава.
– Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост – рекоа од Кривичен суд.
Оттаму додаваат дека согласно АКМИС – системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека тој ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“.