📷 „ОДИ СИ, ГО ЗАГАДУВАШ ВИНДЗОР“ На Трамп му преседна ручекот со кралот Чарлс

Десетици демонстранти излегоа на улиците на Виндзор пред неговото пристигнување скандирајќи „Хеј Хо, Доналд Трамп мора да си оди“ и „Доналд Трамп не е добредојден тука“.

2,046

Додека американскиот претседател Доналд Трамп денеска беше на заеднички ручек со британското кралско семејство во замокот во Виндзор, во ова мало место на 400 километри западно од главниот град и во самиот центар на Лондон започнаа да се собираат демонстранти за протест против него, пренесе Си-Ен-Ен.

Десетици демонстранти излегоа на улиците на Виндзор пред неговото пристигнување скандирајќи „Хеј Хо, Доналд Трамп мора да си оди“ и „Доналд Трамп не е добредојден тука“.






Една демонстрантка изјави дека не смета дека е исправно Велика Британија да го угости Трамп во втора државна посета поради неговата „ужасна реторика, политики и постапки кон жените и луѓето со различна боја на кожа“.

Меѓу слоганите беа „Трамп, твојата политика е одвратна“ и „Оди си, го загадуваш Виндзор“.

Полицијата соопшти дека вчера уапсила четири лица во врска со операцијата во која слика од Трамп и американскиот сексуален престапник Џефри Епштајн беше проектирана на кулата од замокот Виндзор, како потсетник за односот на претседателот со осрамотениот финансиер.

Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп беа пречекани во замокот од кралот Чарлс III и кралицата Камила, како и од принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин, а потоа се возеа во кочии низ имотот Виндзор додека воени оркестри ги свиреа националните химни на двете земји. За вечерва е планиран раскошен банкет.

Во Лондон, околу 400 километри источно од Виндзор, стотици демонстранти почнаа да се собираат на протестен марш против неговата посета.

Лондонската полиција се подготвува за дури 50 протестни групи на улиците на градот во текот на попладневните часови и прошетка до Парламентот. Повеќе од 1.600 полицајци се распоредени за одржување на редот на улиците.

Демонстрантите носеа транспаренти и знамиња со слогани против американскиот лидер: „Одложете го Трамп“, „Запрете го Трамп“ и други, објави Си-Ен-Ен

Некои од нив беа маскирани како рускиот претседател Владимир Путин, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и инфлуенсерот Ендру Тејт, држејќи натписи како „воените злосторници за Трамп“, „убијците за Трамп“ и „женомрзците за Трамп“.

Многумина на протестот носат и транспаренти што се однесуваат на специфичните политички теми во кои Трамп се вмеша, вклучувајќи го конфликтот меѓу Русија и Украина, како и војната на Израел во Газа.

На други натписи се споменува и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, објави Си-Ен-Ен, од кого Трамп долго време се обидува да се дистанцира, иако постојат докази за нивното поранешно пријателство.

„Не за фашистичкиот режим на Трамп“, пишува на еден постер, додека друг го нарекува американскиот лидер „најодвратното нешто во Лондон по чумата“.

На еден натпис стои напишано „синот на преживеан од Холокаустот ви вели: Запрете го геноцидот во Газа!“.

Независна комисија на Обединетите нации вчера заклучи дека Израел врши геноцид во Газа. Израел тоа тврдење категорично го отфрли.

📽️ ТРАМП ВО КОЧИЈА СО ЧАРЛС, ГИ ПРЕЧЕКА НАЈГОЛЕМАТА ГАРДА ДОСЕГА? Сакаат да им помогнам со трговијата, изјави шефот на САД

Поврзани содржини