ОДИ СЕГА КАЖИ НЕШТО ЛОШО ЗА ВУЧИЌ Политичарка од Ниш има необичен предлог
Би ги замолила своите политички колеги кои седат во функционерските клупи да го кренат гласот и да се изборат за закон со кој би се казнил секој кој ќе остави лош коментар за претседателот на државата, напиша пратеничката на Инстаграм.
Политичарката од Ниш, Ана Гроздановиќ, членка на Социјалистичката партија на Србија на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, на Инстаграм почна иницијатива секој човек кој ќе каже или ќе напише негативен коментар за претседателот на Србија Александар Вучиќ да се казнува со затворска казна.
„Би ги замолила своите политички колеги кои седат во функционерските клупи да го кренат гласот и да се изборат за закон со кој би се казнил секој кој ќе остави лош коментар за претседателот на државата. А за останатите посериозни планови против претседателот уште посериозни казни“, напиша Гроздановиќ на социјалната мрежа.
View this post on Instagram