ОД ВРАБОТЕНА ВО МОН ДОБИЛ ПРИСТАП ДО СИТЕ Е-ДНЕВНИЦИ, ПА БРИШЕЛ ОЦЕНКИ Средношколец осомничен за компјутерски фалсификат

Ученик од Прилеп со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик, креирал профил и стапил во контакт со вработена во МОН, која му креирала официјална електронска адреса од МОН, му ги доделила лозинките од е-дневник и му соопштила да ги координира сите наставници, восоопшти полицијата.

80

Полицијата во Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Компјутерски фалсификат, соопшти МВР.

„Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи. Таа му креирала официјална електронска адреса од МОН, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка и му соопштила да ги координира сите наставници“, се вели восоопштението.

На тој начин, се додава, пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник.

„Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот од службениот меил од МОН“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини