Oд утре масовна вакцинација против корона вирус во Србија
Oд утре ќе се вакцинираат просветните работници, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.
Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека утре во Србија ќе започне масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус, јави допсникот на МИА од Белград.
Oд утре ќе се вакцинираат просветните работници, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.
Таа оцени дека претставниците на медиумите, особено медиумските работници кои се постојано на терен, биле вклучени во приоритетната група, на апел на медиумските здруженија, но и на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Брнабиќ апелираше до сите да аплицираат во што поголем број.
– Веќе започнавме да ги покануваме лицата кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, аплицирајте што е можно повеќе, колку побрзо и поефикасно го правиме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот – изјави Брнабиќ.
Таа изрази очекување дека во здравствена смисла во текот на 2021 година, Србија ќе му се врати на нормалниот живот што го имаше пред пандемијата со коронавирусот.
Брнабиќ упати специјална молба до просветните работници да аплицираат за вакцинирање во што поголем број и изјави дека тоа е единствениот начин да им се овозможи што е можно подобро да ја завршат својата работа, истовремено заштитувајќи го своето и здравјето на нивните семејства.