Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер и со директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.
Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи за една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Прилеп-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.
– Навистина ова е значаен ден за целиот Пелагониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата. Со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути – рече Николоски.
Тој му заблагодари на премиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, кој е лично вклучен и помага за решавање на предизвиците.
– Благодарност и до прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата „Бехтел и Енка“, на амбасадорката на САД ,кои што ни даваат несебична поддршка. Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија – истакна министерот
Трасата се движи паралелно или по линија на постојниот магистрален пат Прилеп – Битола.
– Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор – објасни Николовски.