ОД СКАНДАЛ ВО СКАНДАЛ Партнерот на Ријана уапсен, пукал во човек на улица

Ријана и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки повторно се во центарот на скандалот.

197

Проблемите не престануваат да се нижат во животот на популарната пејачка. Ријана деновиве ја заинтригира јавноста со своите комбинации на облека за време на бременоста, а најголемо внимание привлече приказната дека момчето ја изневерува со позната дизајнерка.

Последните вести за Ријана и нејзиното момче воопшто не се пријатни.






Имено, АСАП Роки бил уапсен веднаш по слетувањето во Лос Анџелес. Со Ријана се враќал од Барбадос, а полицијата веднаш го пречекала на аеродром.

Раперот наводно бил уапсен поради пукање што се случило во 2021 година.

Раким Мајерс, попознат како АСАП Роки, е под истрага за инцидент што се случи во ноември лани. Во тоа време, според полициските извештаи, преживеаниот од пукањето ѝ рекол на полицијата дека Мајерс, придружуван од две други лица, наводно „му пришол со пиштол на улица“, додавајќи дека „Мајерс го застрелал три до четири пати и верувал дека тој еден од куршумите му поминал низ неговата лева рака“. Пукањето не беше јавно пријавено пред неговото апсење.

Ова не е прв инцидент на раперот, тој претходно во 2019 година беше обвинет дека ѝ нанел телесни повреди на жртва во Шведска. Потоа платил парична казна.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини