Од сабота во карантин одат 46 милиони Французи

Следните недели ќе бидат тешки и нашите болнички служби ќе бидат изложени на големи предизвици, предупреди премиерот, кој очекува тежок ноември и зголемување на бројот на починати од ковид-19.

282

Повеќе од две третини од Французите навечер ќе мора да останат дома почнувајќи од сабота поради воведувањето полициски час на голем дел од територијата. Оваа одлука е донесена како дел од борбата против вториот бран на коронавирусот.

Францскуот премиер Жан Кастекс информира дека отсега 46 милиони Французи ќе треба да го почитуваат полицискиот час од 21 до 6 часот наутро.






– Следните недели ќе бидат тешки и нашите болнички служби ќе бидат изложени на големи предизвици, предупреди премиерот, кој очекува тежок ноември и зголемување на бројот на починати од ковид-19.

Досега, полицискиот час се однесуваше на 20 милиони Французи, особено во големите градови, вклучувајќи го и Париз и неговата околина.

Полицискиот час значи и дека кафулињата, рестораните и продавниците ќе затвораат во 21 часот.

Поврзани содржини