Пејачката Северина Вучковиќ, откако даде опширно интервју за својата борба за старателството над синот Александар кој го има со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, одржа концерт по долга пауза.
Пејачката објави дека можела да загине од електрична енергија, бидејќи допирала влажни кабли на концертот во Винковци, Хрватска.
Додека истурал дождот, Северина цело време пеела на сцената.
– Ми рекоа моите од обезбедувањето дека не сум смеела да го допирам микрофонот, дека струја може да ме удри… Го знаев тоа, но исто така знаев дека електричната енергија не ми може ништо. Татко ми 30 години работеше во Електродалмација, претпоставувам дека тоа се смета кај Господ… Покрај тоа, тоа што не ме уби, ми даде сила. Се обидоа да ме убијат и со посилни „волти“, па видете како блескам. П.С. Се шегувам. Не пробувајте го ова дома… Дури ниту на сцена. Никаде. Опасно е… – ја започнала Северина објавата под снимката на која ја пее песната „Rođeno moje“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм