ОД МИЛЕНИК ДО НАЈГОЛЕМ ПРЕДАВНИК Дибала му зададе тежок удар на Јувентус

Според медиумите, Дибала наскоро ќе потпише четиригодишен договор со Интер и ќе заработува по 6 милиони евра по сезона плус бонуси.

355

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала се договори со екипата на Интер и само техникалии го делат од официјално затворање на договорот, пренесуваат италијанските медиуми.

Откако одлучи да не потпише нов договор со Јувентус и да стане слободен играч, Дибала доби неколку понуди од англиски екипи како и од ПСЖ и од Барселона, но Аргентинецот одлучи да остане во Серија А и од следната сезона да го носи дресот на најголемиот ривал на „старата дама“.






Според медиумите, Дибала наскоро ќе потпише четиригодишен договор со Интер и ќе заработува по 6 милиони евра по сезона плус бонуси.

Медиумите цитираат и фудбалски експерти од Италија кој велат дека аргентинскиот напад Дибала-Лаутаро-Кореа ќе биде убиствен следната сезона, а дополнително ќе добие на сила доколку во сино-црниот дел од Милано се врати и Ромелу Лукаку.

Поврзани содржини