ОД ЛАЗАР ТАНЕВ ДО ДАНЕЛА АРСОВСКА Кој го водеше Скопје во последните 77 години (ФОТО)
Прв градоначалник на Скопје е Лазар Танев од 1944 до 1945 година, додека прв градоначалник на Скопје во независна Македонија бил Милан Талевски (1991-1993).
По цели три децении од независноста на Македонија, за прв пат жена ќе седне во градоначалничката фотелја во главниот град, откако на вчера завршените локални избори скопјани одлучија Данела Арсовска да биде на оваа функција во следните четири години.
Арсовска е 26-тиот по ред градоначалник на Скопје по ослободувањето на градот во далечната 1944 година, но не е и единствената жена на оваа функција, затоа што во 1948 на чело на Скопје била Вера Ацева.
Прв градоначалник на Скопје е Лазар Танев од 1944 до 1945 година, додека прв градоначалник на Скопје во независна Македонија бил Милан Талевски (1991-1993).
Во фејсбук групата „Стари скопјани“ се сподели колаж-фотографија од сите градоначалници на Скопје во последниве 77 години.
Погледнете кои се тие.