ОД ИНДИЈА ПРЕКУ АФРИКА ДО ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ Риши Сунак сакал да стане џедај, а тежи 730 милиони сосе сопругата

Индиецот кој завршил на Стенфорд, се збогател работејќи за Голдман Сакс е само седум години во политиката. Но, тој многу брзо ја добил довербата на Борис Џонсон за да стане шеф на неговиот кабинет и да раководи со парите за кризата во ковид-19 и со кампањите за Брегзит. Стана популарен затоа што ја критикуваше Лиз Трас оти сакала да позајмува пари во време на криза, војна и инфлација. Но, во 2016 година Сунак призна дека сакал да стане џедај како во филмот „Стар Ворс“.

537

Најмладиот премиер на Велика Британија, па озгора и прв Индиец на оваа функција доаѓа од семејство на мигранти кои всушност живееле во Источна Африка. И двајцата биле лекари. Сунак бил роден во Саутемптон и сакал да биде џедај како во филмот „Војна на ѕвездите“. Тој му беше десна рака на Борис Џонсон за сега да ја води државата надвор од „бајковитите“ политики на Лиз Трас која ја изгуби поддршката, пишува Би-Би-Си.

Се смета дека Риши Сунак е побогат дури од кралот. Заедно со жена му тежат 730 милиони фунти. Еве што треба да знаете за новиот челник на Обединетото Кралство.






Сунак го возвраќа ударот

 Во 2016 година, Сунак им кажа на група ученици дека првично сакал да биде џедај кога ќе порасне. Неговиот омилен филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ е „Империјата го возвраќа ударот“.

Ја критикуваше „бајката“ на Лиз Трас

Една од причините зошто Сунак е толку популарен е затоа што тој се судри со поранешната премиерка за време на претходната лидерска трка, тврдејќи дека нејзиниот план да позајмува пари за време на инфлациска криза е „бајка“ што ќе ја втурне економијата во хаос.

Ова се совпадна со јавното мислење во Велика Британија.

Сунак е за Брегзит и за слободни економски зони

 Сунак беше предводник на кампањата за Брегзит. Неговата омилена економска идеја е исто така десничарска. Тој вели дека можат да се направат слободник бесцарински зони на пристаништата или на аеродромите  за да се поттикне трговијата.

 Син на имигранти

 Дедото и бабата на Сунак се со потелкот од Пенџаб, Индија. Патот ги однел во Кенија и во Тангањика. Неговите родители дошле во Велика Британија во 1960-тите од источна Африка. Сунак е роден во Саутемптон во 1980 година, каде што неговиот татко бил општ лекар, а неговата мајка водела аптека.

Уште како млад Сунак се истакнувал меѓу своите соученици. Бил првенец на генерација во колеџот Винчестер, независен интернат за момчиња. Дипломирал на Стенфорд во Америка, каде што бил т.н. Фулбрајт ученик на културна размена.

 

Се смета дека е еден од најбогатите пратеници

Неговата сопруга е Акшата Мурти, ќерка на индискиот милијардер Нарајана Марти. Самиот Сунак има работено за инвестициската банка Голдман Сакс, но и во два други фондови. Така тој го стекнал своето богатство. Според проценките на „Sunday Times Rich List“, богатството на парот вреди околу 730 милиони фунти.

Сопругата не плаќала данок, но тоа било…легално?

 Летово во вестите излезе дека Акшата Мурти не платила данок во Велика Британија за своите големи приходи во странство. Но, испадна дека тоа било легално. Сунак ја бранеше сопругата велејќи „да ја намачкаш жена ми за да ме нападнеш е ужасно“. Но, на крајот таа се согласи да почне да плаќа дополнителни даноци.

Се дозна и дека Сунак привремено има американска зелена карта, што му дозволуваше постојано да живее во Америка додека ја водеше канцеларијата на Борис Џонсон, што ќе рече беше канцелар на Велика Британија. А, сега тој станува премиер иако пратеник е само седум години.

 Пратеник е само седум години

 Сунак за прв пат беше избран за пратеник во 2015 година, за Ричмонд во северен Јоркшир. Потоа брзо се искачи на скалилото и беше назначен за министер за финансии во февруари 2020 година под Борис Џонсон.

Сунак ги раководеше парите за кризата со ковид-19

Како шеф на канцеларијата на Борис Џонсон, Сунак стоеше зад финансиската помош за време на големите карантини, вклучително и исплатите за отсуство и за кампањата „Јади надвор за да помогнеме“ за рестораните.

Сунак има повеќе поддршка од Џонсон

Риши Сунак загуби од Лиз Трас во септември, но таа поднесе оставка шест недели подоцна. Во последниот натпревар за лидерство, Сунак ја собра поддршката од своите колеги пратеници прилично брзо. Тој ги надмина 100-те номинации што му беа потребни долго пред крајниот рок, вклучително и од пратениците кои претходно ги поддржаа Трас или Борис Џонсон.

Сунак има 25 повеќе поддржувачи во парламентот од Пени Мордонт, додека Борис Џонсон воопшто не успеа да влезе во трката со 60-тина гласови.

Поврзани содржини