ОД ДЕНЕСКА ДО УТРЕ ВЕЧЕР ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ Пред Владата ќе се одржи митинг на ВМРО-ДПМНЕ

1,403

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска (03.04.2024) до утре (04.04.2024), односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што булеварот Илинден, потегот од мостот Гоце Делчев до булеварот Климент Охридски и од булеварот Климент Охридски до мостот Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правца.

Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.






Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ВМРО-ДПМНЕ за утре вечер најави митинг пред Владата со почеток од 20 часот.

 

Поврзани содржини