ОД ДЕБЕЛКО ДЕТЕ ДО ШЕФ СО ИЗГЛЕД НА ФИЛМСКА ЅВЕЗДА Гастро-приказна од Либан во центарот на Скопје

„Ти си готвачот? Повеќе личиш на глумец!“ „На кој?“ „Незнам, на некој, ова требаше да звучи повеќе како комплимент за изгледот, а не дека ни личиш на некој конкретен глумец“. „Аха, добро. Инаку, јас бев многу дебело дете“. Прочитајте ја приказната за либанскиот шеф кој утре (26 април), ќе ги донесе во Скопје најпрепознатливите вкусови на Либан

436

Либанскиот шеф Жад Зијаде го запознавме во новиот ресторан („Форца Фужн“) во центарот на Скопје. Првиот впечаток ни беше дека повеќе личи на филмска ѕвезда отколку на готвач. Наместо вишок килограми, стомак или барем елегантна пополнетост, како повеќето готвачи, шеф Зијад се појави од кујната со совршено средена брада и холивудска насмевка, висок и строен, а со скромност која не соодветствува на изгледот, но е токму она што му дава посебен шарм.
„Ти си готвачот? Повеќе личиш на глумец!“
„На кој?“
„Незнам, на некој, всушност, ова требаше да звучи повеќе како комплимент за изгледот, а не дека ни личиш на некој конкретен глумец“.
„Аха, добро. Инаку, јас бев многу дебело дете. Во Либан обично велиме „сироти дебели луѓе – си го сакаат својот стомак“.

Иако се смееше, па мислевме дека се шегува бидејќи е навистина тешко да го замислите овој човек онаков каков што се опишува дека бил како дете, шеф Жад продолжи со својата приказна.
Вели дека готвел уште од своја 12-годишна возраст бидејќи отсекогаш бил љубопитен, сакал да пробува нови вкусови, нови јадења и толку ја сакал храната што токму таа љубов му го одредила животот.
Инаку, потекнува од христијанско семејство, па веројатно затоа и најубавите спомени од детството му се оние за семејните собири за Велигден и за Божиќ. Жад е роден во либанското село Лини, лоцирано некаде меѓу јужен и северен Либан, блиску до морето, но и до планините.
„Секоја недела, семејството се собираше на голема трпеза полна со либански јадења, кои ние ги нарекуваме „меза“. Имавме околу 20 вида ладни меза, 15 вида топли меза, а дури потоа следуваше главното јадење. Тоа беше најчесто месо на скара на дрва, пилешко и говедско. Секако, потоа имавме и десерт. Имаше преку 50 различни јадења на една маса. Замислете, толку многу ја сакаме храната“, се смее шеф Жад.






Целата приказна прочитајте ја на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини