ОД БАЧИЛО МУ УКРАЛЕ 5 ОВЦИ И 3 ЈАГНИЊА Зачестени кражби на стока во Штипско

Сточарот Ибраим Хусеин од штипското село Лакавица, кој чува над 200 овци и произведува млеко и млечни производи, вели дека ова е не е прв пат од бачилата во Штипскиот регион да се краде стока.

46

Од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица синоќа непознати сторители украле 5 овци и 3 јагниња.

Хусеини кој чува над 200 овци и произведува млеко и млечни производи вели дека ова е не е прв пат од бачилата во Штипскиот регион да се краде стока.






– Чувам околу 220 овци, ама синоќа ми украдоа 8, 5 овци и 3 јагниња. Бараме да се најде некое решение, да им се помогне на сточарите. Лани беа украдени околу 100 овци во Штипско, еве синоќа и кај мене – изјави Хусеини.

Тој посочува дека е тешко да се одгледуваат овци, бидејќи од една страна влијаат и климатските промени, односно сушата влијае врз количините на млекото, од друга страна сè уште ги немаат земено субвенциите.

– Не се исплаќа, ние сме од сите страни најзагрозени. Од една страна е климата, многу суша и нема млеко од овците, субвенции уште не сме земале и од друга страна крадат – изјави Хусеини.

Тој упати апел до надлежните институции да се најдат сторителите на вакви дела и да не се повторат кражбите на стока.

Поврзани содржини