„Очајната домаќинка“ ја отслужи затворската казна
Холивудската актерка Фелисити Хафман (57) беше осудена пред една година за давање мито на факултетот и за фалсификување на приемниот испит на својата постара ќерка во големиот корупциски скандал на американските универзитети, во кој се најдоа уште неколку познати ТВ-лица во САД.
За тоа, Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ доби само две недели затвор, но уште една година беше под посебен полициски надзор, мораше да плати парична казна, и доби 250 часа општествено корисна работа.
Сега, кога го отслужи сето тоа, американски пасош ѝ е вратен на Хафман, а актерката се надева дека наскоро ќе се врати на својот нормален живот и на актерството.
– Искрено ми е жал за студентите, училиштето и универзитетот кои се во проблеми поради моите постапки. Преземам целосна одговорност за своите постапки – се покајала Хафман.
Нејзината колешка Лори Лофлин, која беше фатена за истиот чин, исто како и нејзиниот сопруг дизајнерот Мосимо Џиканули, сè уште чека на издржување затворска казна. На Лофлин му биле изречени два, а на Џиканули дури пет месеци затвор.