Обвинителството истражува кој го прободе со нож момчето од Кавадарци

МВР прибира материјални и вербални докази по што ќе биде поднесена кривична пријава.

383

Основното јавно обвинителство од Кавадарци по допрен глас отвори предмет во врска со настанот со прободено момче со нож во Кавадарци.

Ова денеска за МИА го потврди Елизабета Недановска, портпарол во Републичкото јавно обвинителство.






Таа појасни дека се прибираат материјални и вербални докази од страна на МВР, по насоки на Јавното обвинителство, по што се очекува комплетираната кривична пријава да биде доставена до Основното јавно обвинителство.

Во неделата, момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пронајдено во Кавадарци, а докторите по укажаната помош го препратија на  клиника во Скопје.

Поврзани содржини