ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА КАКО ЗАГИНАА АЛПИНИСТИТЕ ВО БУЧИМ Се проверуваат силосите и целата документација
Овој дел од рудникот има забрана за работа и ќе биде обезбедуван од полиција. Засега нема официјални податоци за причините за несреќата. Извори за Телма велат дека двајцата алпинисти загинале потрупени од бакарен концентрат
Обвинителството по трагедијата во рудникот Бучим каде што загинаа двајца алпинисти побарало да се обезбеди техничка документација за силосите, целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб „Плоча“, правилниците за работа на работната единица флотација, јави Телма.
„Овој дел од рудникот има забрана за работа и ќе биде обезбедуван од полиција. Засега нема официјални податоци за причините за несреќата. Извори за Телма велат дека двајцата алпинисти загинале потрупaни од бакарен концентрат. Во клиничката болница во Штип каде е однесен еден од алпинистите само била потврдена смртта. Другиот алпинист бил префрлен во здравствениот дом во Радовиш, но за жал и кај него немало знаци на живот. Третиот алпинист немал посериозни повреди и не е задржан на болничко лекување“, извести Телма.
Несреќата се случи вчера околу пладне, во делот Флотација каде тројца алпинисти чистеле два силоса за складирање руда, високи по 25 метри и со дијаметар од 17 метри. Алпинистите биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица. Вчера, во текот на увидот извршено е фотографирање на местото на несреќата, обезбедени се затекнати траги и предмети а е разговарано и со лица кои биле присутни на местото на настанот.