ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА НАВОДИТЕ ОД ПИСМАТА НА БОКИ 13 Јовановски имаше шанса да поднесе кривични пријави, тврди Јовески

ОЈО Скопје постапува по кривичните пријави на Бојан Јовановски, тврди државниот јавен обвинител Љубиомир Јовески во интервју за МИА.

1,025

На Бојан Јовановски, во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица и да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки 13, во кое има серија обвинувања и напади за криење докази.

– За овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран, постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи – вели Јовески.






Тој вели дека Јовановски имал неколку можности да ги истакне тие повреди или тие незаконитости, или извршувањето на кривични дела од одредени поединци. Пред се, како што посочи Јовески, тоа можел да го направи во текот на истрагата што се водеше против него, а ако немал доверба во истрагата, тоа можел да го истакне на главната расправа, каде што присуствуваа медиумите и можел сите тие работи да ги приопшти на јавноста.

– Бојан Јовановски потоа бараше на записник да даде кривична пријава во делот на таквите негови сознанија, наводи и докази за кои тврди дека ги поседува. Јас определив и јавен обвнител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, кој врз основа на дадена согласност од судијата на претходна постапка го посети во притвор, со намера на записник да му земе наводи за кривична пријава. Бојан Јовановски ја одби таа соработка и после извесно време во неколку наврати, мислам дека во три, му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи, да поднесе кривични пријави – истакна државниот јавен обвинител Јовески.

Поврзани содржини