Oбвинителството бара притвор за скопјанец поради силување

220

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека извршил кривичното дело – силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. При тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци од кои оштетената се здобила со телесни повреди“, се вели во соопштението од ОЈО.






Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Поврзани содржини