Обвинителката Фетаи минала со полесни повреди во синоќешната сообраќајка
Според нашите информации, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ на обвинителката Фетаи и биле констатирани полесни повреди, по што таа била пуштена на домашно лекување.
Обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во скопската населба Топанско поле доживеала сообраќајна незгода, потврдија од МВР за Плусинфо.
– На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – велат од МВР за Плусинфо.
Според нашите информации, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ на обвинителката Фетаи и биле констатирани полесни повреди, по што таа била пуштена на домашно лекување.
Фотографии од несреќата можете да погледнете ТУКА.