Oблачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
Максималната температура ќе се движи од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.
Максималната температура ќе се движи од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе достигне до 27 степени.