ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ На места ќе провејува снег
Минималната температура ќе биде во интервал до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.