ОБЈАВЕНА РАНАТА ОБДУКЦИЈА ЗА МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА ЏИН ХЕКМАН И НЕГОВАТА СОПРУГА „Ова останува отворена истрага“

Американскиот актер Џин Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во својот дом во средата.

2,221

Американскиот актер Џин Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во својот дом во средата.

Првичните наоди од прелиминарните обдукција извршени на оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава покажуваат дека „нема надворешна траума на ниту еден поединец“, соопшти во четвртокот Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, пренесува „Си-ен-ен“.






Двојката беше пронајдена мртва во нивниот дом во Ново Мексико во средата заедно со нивното куче, изјавија за „Си-ен-ен“ од канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе.

Начинот и причината за смртта на двојката не се утврдени, се наведува во соопштението за јавноста од канцеларијата на шерифот во четвртокот.

„Ова останува отворена истрага“, се додава во соопштението.

Се чека официјална обдукција и токсиколошки извештаи, соопшти канцеларијата на шерифот. Јаглерод моноксид и токсиколошки тестови беа побарани и за Хекман и за Аракава, се наведува во соопштението.

Иако не постои сомнение дека нивната смрт е последица на насилство, официјални лица во Ново Мексико велат дека тоа не го отфрлиле како можност.

„Околностите околу смртта на двете починати лица (се сметаат) за доволно сомнителни по природа за да бараат детално испитување и истрага“, рекол заменикот на шерифот, според изјавата под заклетва за налог за претрес кој го добил КОАТ, филијала на „Си-ен-ен“.

Телото на Хекман било пронајдено на подот во соба во близина на кујната. Заменикот „се посомневал дека мажот ненадејно паднал“, се наведува во изјавата. Се чини дека и Хекман и Аракава починале неколку дена порано, рекол заменикот.

Во други делови од имотот биле пронајдени уште две здрави кучиња. Влезната врата била отворена и необезбедена, а немало траги на насилно влегување или кражба.

Телата на Хекман и Аракава прв ги открил некој кој се идентификувал како чувар. Во изјавата, заменикот рекол дека работниците за одржување ги пронашле Хекман и Аракава мртви.

Повикувачите биле емотивни кога му ја опишале сцената на диспечерот 911, истакнувајќи дека не можеле да влезат во куќата, но можеле да видат две онесвестени лица низ прозорецот.

„Не, пријателе, не мрдаат. Само брзо испратете некого овде“, му рекол чуварот на диспечерот.

Со истрагата не се пронајдени непосредни знаци на истекување на јаглерод моноксид или природен гас, се наведува во документот.

Во барањето за налог за претрес се бараше дозвола за пребарување на сите можни запаливи материјали, контролирани супстанции, оружје, ДНК и други потенцијални докази. Веднаш не било јасно дали веќе е извршен подетален претрес ниту кои други докази може да се запленети.

„Извештаите на медицинските истражители со конечна причина за смртта обично траат четири до шест недели за да се изготват“, рекол Крис Рамирез, портпарол на канцеларијата на медицинскиот преглед во Ново Мексико.

„Сакаме да бидеме сигурни дека истрагата правилно ќе ја завршиме. И сакаме да објавиме точни информации“, рекол Мендоза во четвртокот.

 

 

Поврзани содржини