НОВОТО ИМЕ НЕ ИЗДРЖА ДОЛГО Главниот град на Казахстан повторно ќе се вика Астана
Астана од 2019 година беше именувана во Нурсултан, во чест на поранешниот Нурсултан Назарбаев. Промената на името на главниот град на Казахстан е индикатор за дистанцирање од Назарбаев.
Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев денеска потпиша закон со кој се враќа старото име на главниот град, Астана.
Законот е дел од уставните измени што ги потпиша Токаев, меѓу кои и продолжување на претседателскиот мандат на седум години без можност за реизбор. Досега мандатот на шефот на државата беше пет години со можност за реизбор.
Парламентот на Казахстан вчера гласаше и ги усвои уставните амандмани.
Астана од 2019 година беше именувана во Нурсултан, во чест на поранешниот Нурсултан Назарбаев. Промената на името на главниот град на Казахстан е индикатор за дистанцирање од Назарбаев.