НОВО ВИДЕО ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРСКИОТ БАР Скокаат, пеат и снимаат додека плафонот гори

Неколкумина од присутните и покрај тоа што гори плаофнот и понатаму се забавуваат и скокаат во ритамот на музиката, а повеќемина со своите мобилни телефони снимаат што се случува.

1,454

Нова видео снимка покажува како се однесувале младите гости кога почнал да гори плафонот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана.

Наместо да бегаат веднаш, дел од нив снимаат со мобилните телефони, играат и пеат.






Едно од присутните момчиња се обидува да го изгасне пожарот со својата маица. Друг вика: „Гори, гори“.

Истовремено, неколкумина од присутните и понатаму се забавуваат и скокаат во ритамот на музиката, а повеќемина со своите мобилни телефони снимаат што се случува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tg3 (@tg3rai)

Шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, денеска изјави дека барот во Кран Монтана каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ имал повеќе од еден излез за евакуација, но дека повеќето луѓе во паника не можеле да ги најдат и се обиделе да излезат низ главниот влез.

Во несреќата што се случила во популарниот бар, загинаа 40 лица, а 119 лица се повредени, додека точниот број на присутни лица во локалот засега не е познат.

– Повеќето луѓе не ги пронашле излезите за евакуација – рече Ганцер на прес-конференција.

На прашањето дали некаков вид пена на таванот на барот придонел за ширење на пожарот, тој вели дека истрагата ќе се обиде да утврди дали пената била поставена од безбедносни причини, во согласност со прописите и дали таа била причина за пожарот или не.

– Прерано е да се каже дали била инсталирана според прописите или не – рече тој.

Швајцарските власти, исто така, се сомневаат дека пожарот е предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ.

Поврзани содржини