📽️ НОВО „ПИРАТСТВО“ НА КАРИБИТЕ, САД ЗАПЛЕНИЈА ТАНКЕР Втор инцидент во водите на Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно наредил блокада на сите танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела. Белата куќа објави дека бродот со име „Скипер“ бил вклучен во „нелегален транспорт на нафта“ и дека ќе биде однесен во пристаниште во САД.
Соединетите Американски Држави во раните утрински часови во саботата заплениле танкер со нфата во меѓународни води крај брегот на Венецуела, потврдија официјални лица за „Си-Би-Ес“. Акцијата ја спровела Крајбрежната стража на САД, а според информациите, бродот бил дел од новиот бран операции против санкционирани венецуелски танкери.
Според извештајот, ова е втор случај овој месец на ваква интервенција во Карипското Море.
Портпаролката на американското министерство за национална безбедност објави снимка од Икс.
In a pre-dawn action early this morning on Dec. 20, the US Coast Guard with the support of the Department of War apprehended an oil tanker that was last docked in Venezuela.
The United States will continue to pursue the illicit movement of sanctioned oil that is used to fund… pic.twitter.com/nSZ4mi6axc
— Secretary Kristi Noem (@Sec_Noem) December 20, 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно наредил блокада на сите танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела. Белата куќа објави дека бродот со име „Скипер“ бил вклучен во „нелегален транспорт на нафта“ и дека ќе биде однесен во пристаниште во САД.
Венецуелската влада остро реагираше, нарекувајќи ја акцијата „пиратство под знамето на демократијата“. Претседателот Николас Мадуро изјавил дека американските сили „го киднапирале екипажот и го украле бродот“.
Претходната заплена на ваков танкер од САД се случи на 11 декември.
📽️ ФИЛМСКИ СЕ СПУШТИЈА ВРЗ ВЕНЕЦУЕЛСКИОТ ТАНКЕР Американците обвинети дека се пирати на Карибите
Во последните недели, американската морнарица значително го зголемила военото присуство во Карибите. Дел од операциите резултирале со смртоносни напади врз венецуелски бродови, кои Вашингтон ги обвинува дека пренесувале дрога. Во тие акции, според извештаите, загинале околу сто лица.
САД го обвинуваат режимот на Мадуро дека управува со терористичка организација наречена „Картел де лос Солес“, преку која наводно се финансираат активности поврзани со дрога, трговија со луѓе и насилство. Каракас ги негира обвинувањата и тврди дека станува збор за „империјална агресија“ насочена кон преземање на венецуелските нафтени ресурси.