Со млад дух, иновативен и без емисии: со Opel Rocks, младите од 15-годишна возраст (во зависност од законите во државата) можат да уживаат во независна, индивидуална електромобилност на опуштен начин и сега уште постилски од порано. Затоа што сега Rocks е посмел, поелегантен и поуникатен.
Ова го покажуваат и првите слики: Opel Vizor сега е во карактеристична црна боја, како и кај сите други модели, додека Opel Blitz на предната и задната страна сјае во контрастно бела боја.
Додека каросеријата под линијата на прозорецот ќе биде светло сива, црниот кров и црните тркала ќе останат контрасни. Tоа му дава на новиот Opel Rocks дизајн кој ја отсликува филозофијата на брендот „детокс“.
Rocks идеален за влез во електричниот свет
Rocks ги задржува своите вообичаени моќни страни со свеж изглед. Од ова особено ќе имаат придобивка почетниците со електрични возила на возраст од 15 години (во зависност од законите во државата). Возачите на Rocks треба само да имаат возачка дозвола од класа AM (во зависност од законите во државата). Во споредба со е-велосипеди, е-скутери и други моторни средства на две тркала, Rocks овозможува релевантни предности.
На овој начин кабината на лесното моторно возило ги штити патниците од ветер и неповолни временски услови. Со Rocks патувањето е побезбедно благодарение на цевчестата просторна рамка и зоните на деформација, како и ветробранското стакло направено од ламинирано стакло. Покрај тоа, Rocks овозможува урбана мобилност без емисии.
Најмалиот модел во гамата на Opel oвозможува опсег до 75 km кои може да се поминат со брзина до 45 km/h. Rocks може да се полни преку секој нормален приклучок за домаќинство.
Соодветен кабел за полнење е поставен зад совозачката врата и може лесно да се повлече доколку е потребно. Со круг на вртење од само 7,20 m, возачите можат да управуваат со 2,41 m краткиот и само 1,39 m широкиот (без надворешни ретровизори) Rocks низ тесни кривини или да пристапат до мали паркинг места.
Со својот свеж стил, електричното лесно моторно возило повторно ќе ги привлекува Вашите погледи. Двете врати се идентични во типичниот дизајн на Rocks. Совозачката врата се отвара напред како и обично, додека возачката врата се отвара наназад во спротивна насока.
Внатрешност целосно прилагодена на младата генерација
Во внатрешноста, Rocks е исто така целосно приспособен на потребите на младата генерација. Дизајнот е многу функционален и импресионира со контроли лесни за дофат и јасни, едноставни за читање дисплеи кои се фокусираат на најважните работи.
Држачот за паметни телефони со USB приклучок и поврзувањето преку DAT приклучок, позициониран на централната конзола, обезбедува мрежно поврзување и овозможува пристап до апликацијата „myOpel“. Дополнително, возачите на Rocks можат да го поврзат својот паметен телефон преку Bluetooth преку одделен прекинувач „MyRocks“ на управувачот.
Со „MyRocks Play“, патниците можат да ја слушаат својата омилена музика, да го користат омилениот систем за навигација и да остваруваат телефонски повици без да го тргнат погледот од патот.
Управувачот кај Rocks се истакнува со својот нов дизајн: со бел Opel Blitz на црна позадина, сега совршено го рефлектира Opel Vizor и на тој начин ја внесува уникатната дизајнерска карактеристика во внатрешноста. Стандардниот панорамски кров обезбедува светлина и пријатна атмосфера, невообичаена за возило од оваа класа. Панорамскот кров заедно со страничните и задното стакло се изработени од калено безбедносно стакло. Современите LED предни светла кај Rocks обезбедуваат подобра видливост при дожд или темнина.
Новиот Opel Rocks ќе биде лансиран наскоро. Наскоро ќе следат дополнителни информации за Edition и GS нивоата на опременост, како и за атрактивните цени и условите за купување.