Новиот Клинички центар ќе „тежи“ околу 450 милиони евра

880

Проценката е дека новиот Клинички центар ќе чини околу 450 милиони евра, што ќе биде одлична финансиска инјекција и за целокупната економија, смета министерот за здравство Венко Филипче.

– Новиот Клинички центар дефинитивно ќе почне да се гради во овој четиригодишен мандат на Владата. Веќе се започнати проектите, дел се и завршени на општината Ѓорче Петров за локалната инфраструктура, локален пат, струја, водовод итн. Така што, тоа сметам дека ќе биде навистина значајна инвестиција генерално за нашата економија – рече Филипче за телевизија Канал 5.

Поврзани содржини