НОВИНАРОТ НА Л`ЕКИП ОТКРИ ДЕТАЛИ ОД ИНТЕРВЈУТО СО НОВАК Ѓоковиќ одби да ја снимне маската, но не кажа дека е позитивен
Рамеља истакна дека добил инструкции од тимот на Ѓоковиќ да не поставува прашања за вакцинацијата, како и за намерите на Новак во врска со Австралија опен.
Не престануваат да пристигнуваат нови информации поврзани со најдобриот тенисер во светот. По објавата на Новак Ѓоковиќ кога бил позитивен на коронавирусот, австралиските медиуми тврдат дека лажел под заклетва и дека поради тоа му се заканува и затвор.
Новак призна дека згрешил што дал интервју, знаејќи дека во тоа време бил позитивен, а сега реагираше и новинарот на Л’Екип, кој го направил тоа интервју со него.
Францускиот новинар Франк Рамеља го интервјуирал Ѓоковиќ на 18 декември во Белград, по повод наградата „Шампион на шампионите 2021“ која му ја врачи Л’Екип.
Додека во Австралија го откриваат планот на министерот за имиграција како би можеле да го депортираат Ѓоковиќ од таа земја, Рамеља ги откри деталите од интервјуто со најдобриот играч на светот.
Тој истакна дека добил инструкции од тимот на Ѓоковиќ да не поставува прашања за вакцинацијата, како и за намерите на Новак во врска со Австралија опен.
– Тоа е многу чувствително прашање, ако се сомневате во тоа. Затоа, тој не беше прашан дали размислува за тестирање и ако да, каков е резултатот – рече Рамеља, објави австралискиот „The Age“.
Новак во 30-минутното интервју рекол дека тестот е направен во трговскиот центар „Новак“ во Дорќол, а за позитивниот ПЦР тест на Ѓоковиќ, новинарот дознал три недели по интервјуто.
Рамеља рече дека Ѓоковиќ позирал без маска додека се фотографирал пред интервјуто, но дека ја носел цело време додека траело интервјуто. Од него дури во еден момент било побарано да ја симне за да може да се фотографира во текот на разговорот, на што Новак одбил.
– Вчера бев на тест пред да заминам за Австралија. Бев негативен – додаде Рамеља.