НОВИ СТРОГИ ПРАВИЛА ВО СЛОВЕНИЈА Тестирај се или збогувај се од работното место!
Словенското Министерство за образование веќе испратило писмо во кое се информираат вработените дека можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат за коронавирусот.
Како што расте бројот на заразени со ковид-19, така Словенија воведува нови строги мерки во пресрет на почетокот на учебната година во септември.
Како што јавуваат словенските медиуми, вработените во училиштата кои не сакаат да се тестираат ќе бидат избркани од работа. Словенското Министерство за образование веќе испратило писмо во кое се информираат вработените дека можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат за коронавирусот.
Ова правило важи за сите оние кои одбиваат да се вакцинираат и кои не заболеле од ковид-19, а сега се принудени секоја недела да се тестираат на сопствен трошок.
„Неоправданото тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истото ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска“, стои во писмото.