НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО ЛИБИЈА Четворица грчки спасувачи загинаа, 15 лица се повредени
Во несреќата загинаа вкупно 7 лица откако возилото на спасувачката екипа се судрило со автомобил во кој се превезувало семејство од Либија. Тројца од петте членови на либиското семејство го загубија животот, а двајца се тешко повредени.
Четири лица од грчкиот спасувачки тим ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Либија, каде што требаше да им помогнат на настраданите од поплавите, изјави министерот за здравство на либиската источна влада.
-Во несреќата се повредени и 15 лица, од кои 7 се во критична состојба – изјави денеска на прес-конференција Отман Абдулџалил.
По пукањето на браните во големото невреме што ја зафати Либија, околу четвртина од градот Дерна на истокот на земјата беше збришан од лицето на земјата. Една недела откако бранот поплави го зафати либискиот крајбрежен град Дерна, убивајќи илјадници луѓе, фокусот е свртен кон грижата за преживеаните од катастрофата.
Грчкиот тим броеше 19 членови. Во несреќата загинаа вкупно 7 лица откако возилото на спасувачката екипа се судрило со автомобил во кој се превезувало семејство од Либија. Тројца од петте членови на либиското семејство го загубија животот, а двајца се тешко повредени.