НОВИ ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА Гори во јужна Евија, близу Атина се евакуираат населби (ВИДЕО)
Прв пожар денеска го зафати јужниот дел на Евија, чиј северен дел беше уништен претходно овој месец, поради пожарот кој не стивнуваше повеќе од десет дена.
Најмалку два пожара избувнаа во Грција и тоа на подрачјата кои веќе претходно беа зафатени од шумски пожари, силните ветришта ги искомплицираа напорите за нивно згаснување.
Прв пожар денеска го зафати јужниот дел на Евија, грчки остров втор по големина, чиј северен дел беше уништен претходно овој месец, поради пожарот кој не се стивнуваше повеќе од десет дена, пренесува агенцијата АП.
Вториот пожар северозападно од Атина ја опфати областа Вилија, каде претходниот голем пожар беше ставен под контрола во петокот по петдневното горење.
Властите издале налог за евакуација на Вилија, а полицијата го запрела сообраќајот на автопатот.
– Нова голема битка започна – изјави регионалниот гувернир Јоргос Патулис за Опен ТВ.
Η φωτιά στο Μαρμάρι, (ανήκει στο Δήμο Καρύστου), οπως φαίνεται μέσα από το πλοίο κατά τον απόπλου του, στις 6:45 π.μ από το λιμάνι. #φωτια #Ευβοια #Μαρμαρι #Καρυστος pic.twitter.com/vyN8DbtswG
— Fay Lyssaiou 🇬🇷🇨🇾🇮🇱🇲🇫🇦🇪🇪🇬🇸🇦🇦🇹🇦🇲 (@faylyss) August 23, 2021
Во овие подрачја, грчката противпожарна служба испратила хеликоптер и копнена поддршка.
Во претходниот пожар на Евија стотина луѓе беа евакуирани по море од плажите и крајбрежните села, додека огнот се спушташе по падината кон нив.
Причините за пожарот во Грција сè уште официјално не се утврдени, но десетици луѓе се уапсени под сомнение дека го подметнале пожарот, а меѓу нив е и 14-годишно момче.