НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ ВО ТЕТОВО Нема кривично дело велат од ОЈО за починатата студентка

Обвинителството во Тетово со први резултати од истрагата, нема индиции дека станува збор за насилна смрт, но се чекаат резултатите од обдукцијата.

1,355

Тетовската јавност е потресена по откритието на безживотно тело на млада девојка, пронајдено синоќа меѓу зградите кај Зелениот пазар, спроти Центарот за социјални работи. Случајот веднаш предизвика бројни реакции, но денеска Обвинителството излезе со првични информации кои внесоа малку мир во јавноста.

Од Основното јавно обвинителство во Тетово велат дека, според досегашните сознанија, смртта не е резултат на кривично дело.






„Дежурен јавен обвинител изврши увид на местото каде што беше пронајдена девојката, како и во станот што таа го изнајмуваше. Се преземаат сите дејствија за целосно расветлување на случајот – детални проверки и вештачења се во тек, но првичните траги не упатуваат на насилна смрт. Наредена е обдукција и ќе се вршат распити на повеќе лица“, информираат од Обвинителството.

Починатата е 25-годишна девојка од Косово која студирала во Тетово. Според полициски извори на Алсат, девојката С.Д. од Ѓаковица паднала од зграда, а на местото на настанот е пронајдена и дрога.

25-ГОДИШНА КОСОВКА НАЈДЕНА МРТВА ВО ТЕТОВО Се истражува дали се вмешани и други лица во нејзината смрт

Поврзани содржини