ДИК уште нема излезено со конечни информации за изборните резултати и за поделбата на мандатите, што предизвикува многу негативни реакции.
Експерименти не се прават неколку дена пред избори, пишува поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новакоски на својот Фејсбук профил.
Toj вели дека ова што го прави ДИК сега, се прави во текот на ноќта.
„И од најдалечната точка од државава, до Скопје се стигнува за 3 часа. Секое доцнење создава простор да не се признаваат резултатите, да се створи недоверба и шпекулации. Експерименти не се прават неколку дена пред избори“, пишува Новакоски.
Веб страницата на ДИК не работи од синоќа од 21 часот.