Новак Ѓоковиќ со емотивна порака му го честиташе роденденот на синот Стефан (ФОТО)
Стефан Ѓоковиќ, кој често му дава поддршка на својот татко на трибините, наполни шест години, а Новак му честиташе со краток текст и со заедничка фотографија.
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави емотивна порака по повод роденденот на неговиот син.
Стефан Ѓоковиќ, кој често му дава поддршка на својот татко на трибините, наполни шест години, а Новак му честиташе со краток текст и со заедничка фотографија.
„Среќен роденден хероју татин. Ти благодарам што ни даваш безгранична љубов и што нè потсетуваш дека секој ден треба да работиме на себе и да бидеме подобро луѓе и родители. Те сакаме“, напишал Ѓоковиќ.
Инаку, Новак и Јелена Ѓоковиќ имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара, родена пред три години.