НОВАК ЃОКОВИЌ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ? Тенисерот се пријави на турнирот во Австралија, а таму се влегува само со ковид-сертификат
Србинот сè уште не сака да открие дали ја примил потребната вакцина против коронавирусот, иако тоа е главниот услов за сите тенисери, официјални лица, персонал и навивачи кои сакаат да бидат дел од турнирот во Мелбурн.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на пријавени играчи за првиот Грен слем следната сезона, Австралија Опен.
Србинот сè уште не сака да открие дали ја примил потребната вакцина против коронавирусот, иако тоа е главниот услов за сите тенисери, официјални лица, персонал и навивачи кои сакаат да бидат дел од турнирот во Мелбурн.
Сепак, неговото име е на списокот со пријавени играчи, кој го објави организаторот. Според локалните медиуми, сите оние на списокот или се вакцинирани или имаат право на некаков исклучок.
Турнирот во Мелбурн е на програмата од 17 јануари.