„НОВАК Е ДРУГА ДИМЕНЗИЈА“ Синер изрази голем респект за првиот светски рекет
На прашањето дали ќе го нападне рекордот на Ѓоковиќ кој има десет трофеи во Мелбурн, годинешниот победник на Австралија Опен, Јаник Синер имаше интересен одговор со кој ги воодушеви присутните.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го елиминира Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен прекинувајќи ја неговата импресивна серија од 33 победи во Мелбурн, а потоа ја освои и првата грен слем титула во кериерата.
На прашањето дали ќе го нападне рекордот на Ѓоковиќ кој има десет трофеи во Мелбурн 22-годишниот Италијанецот имаше интересен одговор со кој ги воодушеви присутните.
– Новак е друга димензија, посебна лига во однос на мене. Јас сум исклучително среќен со овој еден трофеј – рече Синер.
Новак Ѓоковиќ има 10 титули на Австралија Опен со што е апсолутен рекордер, зад него со по шест титули се Роџер Федерер и Рој Емерсон.