НОВА ГРАДИШКА СО ПОДДРШКА ЗА ВЕСКОВСКИ Ликот и делото на Тоше Проески живее преку нашата соработка ВИДЕО
Во рамки на овој договор традиционално се одржува Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот е Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.
Порака за поддршка на Душко Весковски, прати Винко Гргиќ, градоначалник на Нова Градишка заедно со претставници од општинската администрација.
Ликот и делото на Тоше Проески продолжува да живее преку продолжување на оваа соработка.
– Во 2018 година е склучен договор за меѓуопштинска соработка, трилатерален договор меѓу Општина Карпош, Крушево и Нова Градишка, ликот и делото на Тоше Проески ги спојува овие општини кои го претставуваат животниот пат на Тоше Проески – Крушево раѓање и живот, Општина Карпош – последна адреса на живеење и Нова Градишка, место каде починува. Тоше обединува. Потврда за ова е и меѓуинституционалната соработка, која се негува повеќе години. Договорот за соработка се однесува на проекти во областа на спортот, образованието, културата и туризмот – вели тимот на Весковски.
Во рамки на овој договор традиционално се одржува Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот е Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.
Видео пораката во продолжение е снимена пред спомен плочата на Тоше Проески во Нова Градишка, чие поставување и иницијатива за изработка се токму на актуелниот градоначалник на Нова Градишка, кој во времето на трагичната несреќа на Тоше Проески бил архитект.