Нов случај во Словенија: Се лекувал од друга болест, му откриле коронавирус

375

Здравствените власти во Словенија потврдија дека откриле нов случај на коронавирусот во општата болница во градот Јесенице.

Се работи за пациент кој бил сместен на одделот на гастроентерохепатологија, кај кој брисот покажал дека е позитивен на вирусот. Се работи за истата болница каде што пред само неколку дена беше откриена медицинска сестра со ковид-19, по што голем број нејзини колеги беа тестирани и пратени во 14 дневна самоизолација.






Инаку, во Словенија вкупно од почетокот на епидемијата беа потврдени 1.486 случаи на коронавирусот, а поради ковид-19 починаа 109 лица

Поврзани содржини