НОВ СКАНДАЛ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Рубљов призна дека го пуштиле да влезе позитивен

Кога летав за Австралија бев уште позитивен, но нивото на „ковид СС“, како што тоа стручно го нарекуваат, нема да лажам, беше многу ниско и не беше опасно. Ми беше дозволено да влезам во земјата. Покрај тоа, поминав повеќе од десет дена во карантин, изјави Андреј Рубљов, шестиот тенисер во светот.

1,914

Шестиот тенисер во светот, Русинот Андреј Рубљов денеска призна дека позитивен успеал да влезе на турнирот Австралија Опен, за разлика од неговиот колега првакот Новак Ѓоковиќ кој мораше да ја напушти земјата. Според Рубљов на турнирот ретко ги тестираат играчите, а тој сега не би се тестирал со ПРЦ тест иако можеби е уште позитивен, јавува Б92.

– Лично сега не се тестирам затоа што штотуку го преболев корона вирусот. Кога летав за Австралија бев уште позитивен, но нивото на „ковид СС“, како што тоа стручно го нарекуваат, нема да лажам, беше многу ниско и не беше опасно. Ми беше дозволено да влезам во земјата. Покрај тоа, поминав повеќе од десет дена во карантин – рече Рубљов по мечот со Рикардас Беранкис и додаде:






– Можеби, сепак би бил позитивен. Но, повеќе не сум заразен и опасен. Бидејќи бев болен, повеќе не правам ПЦР-тестирање.

Во меѓувреме сагата за „случајот Ѓоковиќ“ не стигнува.

Поврзани содржини