НОВ ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО Мицкоски ја обвинува власта за нејзините „херојски“ политики

Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада 'херојски' си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии, обвини лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

105

Во октомври 2022 година споредено со октомври 2021 година, индустриското производство во Македонија се намалило за 5,3%, обвини лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Неспособната и криминална влада, ‘херојски’ со своите политики го намалила производството во секторот рударство и вадење на камен за цели 13,2%, намалувањето во преработувачката индустрија е 4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,2%. Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада ‘херојски’ си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани содржини