📷 НОВ ИНЦИДЕНТ ВО БРИТАНСКИТЕ КРАЛСКИ РЕЗИДЕНЦИИ Автомобил удри во ѕидовите на замокот Виндзор

Автомобил Волво утрово удрил во ѕидовите на кралската резиденција во Беркшир, во судирот во кој учествувале и две други возила - три дена откако друг возач влетал со автомобил во портите на Бакингемската палата.

251

Автомобил утринава удрил во ѕидовите на замокот Виндзор, а итната помош веднаш излегла на терен и му помогнала на едно лице, пишува Daily Mail.

Во инцидентот кај кралската резиденција во Беркшир учествувале и две други возила. Автомобил „волво“ со предниот дел удрил во надворешноста на кралската резиденција откако директно се судри со другите возила во непосредна близина на замокот.






За време на инцидентот, за кој се претпоставува дека се случил денеска околу 08:10 часот, биле активирани воздушните перничиња во возилото, а едно лице е повредено.

За потсетување, пред само три дена британската полиција интервенираше откако автомобил влета во капијата на Бакингемската палата. Очевидец рекол дека слушнал „силен тресок“ додека возилото се пробило низ портите на познатата кралска резиденција во центарот на Лондон.

Полицијата што ја истражува несреќата на портата во Бакингемската палата соопшти дека инцидентот не бил поврзан со тероризам. И овој инцидент се случил во раните утрински часови, во саботата. Полицијата потврди дека едно лице е уапсено под сомнение за криминална штета.

Поврзани содржини